top of page
Gvakamole.png

Чамци Генијалци

people.png

20 - 100 учесници

clock.png

180 мин

„Чамци Генијалци“ е тим билдинг активност која го носи вашиот тим во светот на вистинските инженерски и авантуристички предизвици.

 

Учесниците се делат во повеќе тимови, а задачата е јасна – да дизајнираат и изградат функционален чамец од пластични шишиња, кој ќе може да издржи тежина и да исплови безбедно. Секој тим избира свој капетан кој ќе ја води стратегијата, но и ќе го управува чамецот за време на финалната трка. Тимовите добиваат материјали за изработка на чамецот, едро, платно и знаме, со што ја добиваат можноста да креираат сопствен визуелен идентитет и да ја истакнат својата креативност.

 

Во текот на активноста, тимовите: Работат заедно на дизајн, конструкција и стабилност на чамецот, дизајнираат сопствено знаме и едро со тимски симбол, избираат капетан кој ќе го води чамецот за време на трката, го тестираат чамецот на вода за да ја проверат безбедноста и пловливоста, се натпреваруваат во финална трка, каде брзината, стабилноста и дизајнот носат поени.

 

Победникот е тимот со најдобар дизајн и најбрз чамец, а на крајот сите си заминуваат со незаборавно искуство, многу смеа и гордост за постигнатото. 

Резиме на активноста

Тимска изработка на функционални чамци од шишиња.

Дизајнирање сопствено знаме и едро.

Избор на капетан за трката.

Тестирање на стабилност и пловливост.

Финална трка на вода за титула „Чамци Генијалци“.

Тeam building Macedonia
  • Instagram
  • Facebook
  • LinkedIn

© 2024 teamsix.info

© 2024 teamsix.info

© 2024 teamsix.info

© 2024

© 2024

© 2024 teamsixmk.com

Logo
bottom of page