top of page

Тим билдинг – Грција 2024:
Уживање во стилот „Сига, Сига“ на островите Споради!

ТИМБИЛДИНГ ГРЦИЈА (1).png

Тимбилдинг со TeamSix

Ние нудиме активности кои не можат да се видат на ниедно друго место и на ниеден друг тим билдинг. Со нас, вашиот тим ќе има можност да учествува во авантуристички и забавни активности кои ќе го зајакнат нивниот дух и ќе ги поврзат на нови начини.

TeamSix се фокусира на создавање уникатни и незаборавни искуства за вашите вработени. Нашиот пристап е иновативен и динамичен, со активности кои поттикнуваат заедништво и ја зголемуваат мотивацијата на тимовите.

Грција е нашиот избор! Но, зошто Грција?

Грција е нашиот избор поради неверојатната природа и пејзажи кои ги нуди. Прекрасните плажи, кристално чистите води и сончевите денови ја прават Грција идеална дестинација за релаксација и тимбилдинг.

 

Дополнително, грчкиот начин на живот, со опуштен и пријателски пристап, креира убава и пријатна атмосфера што ги прави луѓето да се почувствуваат добредојдени и опуштени. ​

Забавни активности на плажа

После напорната работа, заслужуваме забавна плажа. Нашите активности започнуваат со уникатни тимбилдинг активности на прекрасните плажи на Скиатос, каде вашиот тим ќе може да ужива во динамични игри и тимски активности. Организираме вечерни забави со музика, храна и пијалоци за сите учесници да се опуштат и да се забавуваат. Нашиот целосен пакет обезбедува уникатно искуство на тимбилдинг, кое ги спојува колегите и креира трајни врски помеѓу нив.

2eea3b04-dd63-4233-a1a5-86309be3551c
Teambuilding Macedonia
Teambuilding Macedonia
beach-6354502_1280
Teambuilding Macedonia
Teambuilding Macedonia
greece-1533436_1280
Teambuilding Macedonia
Teambuilding Macedonia

Активности на крстарење

Крстарењето низ кристално чистите води на Спорадите е едно од најфантастичните искуства кои може да ги доживеете. Во текот на нашите тимбилдинг активности, вашите колеги ќе уживаат во ова неверојатно патување. На секој од островите, ќе биде организирана специфична тимбилдинг активност, како предизвици на плажата или тимски игри, со цел да ги засилиме тимските врски и да создадеме незаборавни спомени. Оставете ги секојдневните предизвици зад себе и искусете го животот на островите како никогаш до сега.

 

Ве очекува авантура што ќе вe остави без здив!

37c4ff65-b560-4861-af62-2ac49068baf0.jpeg

Со оглед на индивидуалните потреби на вашата компанија, ве покануваме да не контактирате за да можеме заедно да изработиме специјализирана понуда што најдобро одговара на вашите барања и очекувања.

bottom of page