
SCAVENGER HUNT — Откријте ги трагите, решете ја мистеријата!
Претворете го следното тимско дружење во возбудлива потрага! Scavenger Hunt од TEAM SIX е интерактивна авантура која ги спојува истражувањето на терен, решавањето загатки и дигиталната технологија. Секој пронајден предмет открива дел од поголема мистерија, а до конечното решение се стигнува со тимска работа!
Како функционира активноста?
Учесниците се делат во тимови и преку своите телефони пристапуваат до дигиталната платформа. Таму ги добиваат првите насоки и загатки кои ги водат кон предмети скриени низ просторот за игра.
Тимовите истражуваат, забележуваат детали и ги поврзуваат трагите. Секој пронајден предмет го евидентираат на платформата со скенирање QR-код, со што отклучуваат ново парче од дигиталната сложувалка.
Кога ќе ги соберат сите парчиња, започнува финалниот предизвик: да ја состават сложувалката, да ја дешифрираат скриената порака и да го внесат точното решение на платформата. Победува тимот кој прв ќе ја реши мистеријата и успешно ќе ја заврши мисијата!
Различни вештини, една заедничка цел
Некој има остро око за детали, друг лесно решава загатки, а трет ги поврзува идеите во добар план. Низ играта, секој добива можност да придонесе, додека тимот вежба комуникација, креативно размислување и заедничко одлучување — со многу смеа и пријателски натпревар.
Активноста може да се организира во парк, хотелски комплекс или друг соодветен простор. Приказната и предизвиците се приспособуваат на локацијата и учесниците, а финалната порака може да биде поврзана со вредностите на вашата компанија или темата на настанот.
Дали вашиот тим ќе ги поврзе сите траги? Прифатете го предизвикот со TEAM SIX!




